Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дресот на Мбапе од херојското издание против Барса замина во рацете на еден од најпознатите спортисти (Фото)

Објавено

на

Килијан Мбапе е топ тема во светските спортски медиуми по неговиот фантастичен настап на натпреварот против Барселона одигран на „Камп Ноу“ во кој неговиот ПСЖ победи со 4:1, а три од погодоците беа дело токму на младиот фудбалер.

Францускиот фудбалер по крајот на натпреварот својот дрес од херојската партија против Барселона го додели на еден од најпознатите спортисти во светот, Хабиб Нурмагомедов.

Сега веќе пензионираниот УФЦ борец од Дагестан беше присутен на „Камп Ноу“ како специјален гостин на ПСЖ и на крајот си доби уникатен подарок од ѕвездата на вечерта.

Нурмагомедов се пофали на социјалните мрежи дека го добил дресот на Мбапе со автограм од фудбалерот пред кого се предвидува блескава иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни