Поврзете се со нас

НБА

Драма во Тексас: Дејвис лежеше на земја, Сан Антонио се избори за продолжение (Видео)

Објавено

на

Ентони Дејвис и Расел Вестбрук беа креатори на извонредниот кам-бек кој го имаше Лос Анџелес Лејкерс во четвртиот период од пресметката со Сан Антонио, натпревар кој потоа „езерџиите“ го добија во дополнителните пет минути игра.

Двата тима и актерите на теренот понудија вистинска драма во Тексас, која на крајот се решаваше во продолжение во кое гостите од Лос Анџелес беа подобри благодарение на својот расположен двоец.

Пред да дојде до дополнителни пет минути, играчите на Лејкерс беа незадоволни и поради еден неспортски потег на домаќините, кои решија да израмнат на 114:114 во ситуација кога Ентони Дејвис лежеше на земја и се жалеше на повреда.

За среќа, ѕвездата на Лејкерс немаше посериозен проблем и го играше продолжението, кое му припадна на Лејкерс со резултат 7:11 за конечни 121:125.

Дејвис го заврши мечот со 35 поени, Расел Вестбрук уфрли 33, а Леброн Џејмс го гледаше нивниот настап од првиот ред на трибините бидејќи беше поштеден.

НБА резултати:

Њујорк-Филаделфија 112:99
Оклахома-Голден Стејт 98:106
Далас-Хјустон 116:106
Сан Антонио-ЛА Лејкерс 121:125
Јута-Денвер 122:110

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни