Поврзете се со нас

Франција

Драма во Франција: Првотимец на Ница го блокирал автопатот, се заканува дека ќе се фрли од мост! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ogcnice

Француските медиуми ова претпладне со голем шок ги пренесуваат последните случувања кои пристигнуваат од Ница, каде првотимец на овој познат клуб се здобил со суицидни мисли додека се нашол на еден од највисоките мостови во овој регион.

„Радио Монте Карло“ ексклузивно информира дека фудбалер на Ница го блокирал автопатот и направил колона од пет километри, откако решил да застане со автомобилот и почнал да се заканува дека ќе се фрли во провалија.

Угледниот медиум поради заштита не го открива идентитетот на фудбалерот, за кого во моментов се извршува сериозна акција од страна на полицијата, војската и противпожарната единица во Ница.

Одговорните лица стапиле во контакт со фудбалерот и се обидуваат да го разубедат од најлошите мисли, а акцијата се уште е во тек и се уште не е познат конечниот епилог.

Поради страшните и неочекувани случувања од утрово, Ница ја откажа официјалната прес-конференција и сите обврски кои ги имаше кон медиумите закажни за денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни