Германија
Дортмунд се подготвува за заминување на Санчо, идентификуван и играчот кој ќе го замени

Медиумите ширум Европа пренесуваат дека од таборот на Борусија Дортмунд се подготвени да го продадат Џејдон Санчо во летниот преоден рок.
Младиот крилен фудбалер не е ни бледа сенка од фудбалерот кој минатата сезона беше страв и трепет за противничите одбрани и годинава има постигнато само еден погодок во Бундеслигата.
Манчестер Јунајтед беше најзагреан да го донесе Санчо во своите редови во летниот преоден рок, но Борусија не отстапуваше од својата намера да го продаде играчот за 120 милиони евра, пари кои клубот од Англија не сакаше да ги даде.
Сега „Франс Фудбал“ пренесува дека Борусија Дортмунд се подготвува за заминувањето на Џејдон Санчо и од клубот ќе бидат подготвени да преговараат за негов трансфер по помала сума од таа што ја бараа лани.
Манчестер Јунајтед останува во трката за негов ангажман, но сега ќе има сериозна конкуренција од Ливерпул и ПСЖ кои исто така ќе се обидат да го ангажираат фудбалерот.
Што се однесува до Борусија Дортмунд, од таму го идентификувале 19 годишниот фудбалер на Штутгарт, Тангуј Кулибали како замена за Џејдон Санчо.

- Германијапред 14 часа
„Скај Германија“ јавува нов момент во врска со Алаба: Ништо не е готово, Захави ќе чека друг тим
- Светпред 12 часа
Уште еден Македонец во 23-кратниот унгарски шампион: Миовски доби сонародник во МТК Будимпешта (ВИДЕО))
- Англијапред 14 часа
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 11 час
Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао
- Англијапред 17 часа
Карагер сигурен дека еден фудбалер на Ливерпул ќе го загуби првотимскиот статус по лошите изданија
- Италијапред 15 часа
Милан не запира, сега влезе во преговори со Барселона за ангажман на играчот на „каталонците“
- Светски првенствапред 12 часа
Годините се само бројка: Лазаров има 40, ама игра како да има 20 години (ВИДЕО)
- Светски првенствапред 10 часа
Митревски: Немаме што да загубиме, не се залетуваме, ама нема и да се предадеме