Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Далас го расипаа кам-бекот на Дејвис, Милвоки ја доби битката на „тешкашите“ на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Далас Маверикс го расипаа кам-бекот на Ентони Дејвис кој конечно ги надмина проблемите со повредата и по 30 пропуштени мечеви му се стави на располагање на неговиот Лос Анџелес Лејкерс.

Маверикс го искористи домашниот паркет и се избори за триумф од 115-110 со кој сега е на чекор од „езерџиите“ кога ќе се земе во предвид учинокот во досегашниот дел од кампањата (32-26 наспроти 35/24).

Во вакви дерби средби секогаш расположен е Дончиќ, а така беше и сега и со 30 поени, 9 скокови и 8 асистенции беше лидер кај победникот во чии редови имаше уште пет играчи со двоцифрен учинок.

Колдвел-Поуп со 29 и Шрудер со 25 кошеви беа први стрелци кај Лејкерс, Дејвис пак во ограничената минутажа даде 4 поени со 4 скока и по 1 асистенција, украдена топка и блокада.

Во дербито на Истокот, Милвоки во ефикасен натпревар беше подобар од Филаделфија со 124-117. Клучно беше првото полувреме кое Бакс го реализираа со 77-60 и со тоа си го отворија патот до триумфот против „76-ките“ кои заедно со Бруклин Нетс важат за најголеми ривали на Јанис и компанија во источната конференција.

Адетокумбо со 27 поени беше најефикасен кај Милвоки, на спротивната страна три помалку уфрли центарот Ембид.

На останатите дуели Бостон беше подобар од Феникс (99-86), додека пак Њу Орлеанс, Сан Антонио и Чикаго ги надиграа Орландо, Детроит и Шарлот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни