Поврзете се со нас

ВТА

Домашната фаворитка разочара: Осака шокирана на олимпискиот турнир

Објавено

на

Поради проблеми со анксиозност и депресија, Наоми Осака се повлече од Ролан Гарос и Вимблдон, па иако влезе со огромни амбиции на Олимпијадата која се одржува во нејзината родна земја, домашната фаворитка доживеа огромно разочарување рано утрово.

Комплицираната етапа од нејзиниот живот очигледно си го прави своето, па така фаворизираната Осака денеска во меч кој траеше нешто повеќе од еден час претрпе пораз од чешката претставничката на Олимписките игри.

Маркета Вондроушова немаше милост на теренот и ја искористи максималната деконцентрација на Јапонката, па така со уверливи 6:1 и 6:4 се пласираше во четвртфиналето.

Неиграњето на последните два грен слем турнири беше очигледно во несигурните удари на Осака, но од другата страна имаше и расположена противничка која играше на навистина извонредно ниво.

Вондроушова во четвртфиналето ќе игра со подобрата од осминафиналниот дуел меѓу Бадоса и Подороска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни