Поврзете се со нас

Македонија

Договорен е уште еден играч: ГРК Охрид си подаде рака и со Грубиќ

Објавено

на

ГРК Охрид е супер активен и сака што побрзо да ја состави екипата која во новата сезона ќе ја предводи Горан Андоновски.

Македонскиот прволигаш денеска промовираше уште едно име-тоа е српскиот интернационалец Никола Грубиќ. Се работи за поранешен играч на Дубочица и Партизан кој ја покрива позицијата десен бек.

-Среќен сум што ќе бидам дел од клуб каков што е Охрид. Благодарност до управата за укажаната доверба, се радувам на новите предизвици. Нека ни е со среќа, да оствариме што подобар пласман и излез во Европа, -изјави Грубиќ кој потпиша двегодишен договор.

Претходно Охрид ги договори Владимир Бојаниќ, Тоше Ончев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов, останаа Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, додека први професионални договори потпишаа Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни