АТП
Додиг го освои Ролан Гарос и распали по организаторите: Направивте да се чувствувам како турист во Париз

По големото финале во женска конкуренција и победата на Ига Швјонтек, ги дознавме и новите шампиони во игра на двојки во машка конкуренција, а тоа се Иван Додиг и Аустин Крајичек.
Хрватско-американската двојка покажа завидно ниво на завршниот меч и не им оставија никаква шанса на Белгијците Сандер Жил и Жоран Влиген, но по триумфот од 6:3 и 6:1, најмногу се говори за изјавата на повеќекратниот гренслем шампион.
ОТкако изгради важна репутација во поединечна конкуренција, Додиг веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи во двојки, а четвртата титула на Ролан Гарос ја прослави со сериозна забелешка до организаторите.
– Имам да кажам нешто важно. Јас сум четирикратен освојувач на Ролан Гарос и имам вкупно седум грен слем титули, но денеска сум многу тажен. Сите се прашувате зошто? Бидејќи не добив третман каков што заслужувам, како што заслужува секој тенисер кој доаѓа тука. Сите треба да бидеме третирани исто.
– Жалам што морам да го кажам ова, но 15 дена доаѓав на турнирот со такси. Седев на улици во Париз и доцнев на секое загревање со мојот партнер. Чекав таксиња по 40 минути. Се чувствував тажен и се чувствував како турист во Париз. Денес четврти пат го освојувам овој турнир и треба да бидам третиран како секој победник на Ролан Гарос. Се надевам дека следната година ќе бидете подобри, – порача Додиг.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава