Поврзете се со нас

Лига Европа

Додека фановите на Интер го величат Лукаку, Белгиецот воодушевен од свој соиграч: Тој е насекаде на теренот

Објавено

на

Ромелу Лукаку се избори за првиот гол на Интер и беше стрелец на вториот во победата над Баер Леверкузен, триумф со кој тимот од Милано обезбеди пласман во полуфиналето во Лига Европа.

Интер има навистина добра шанса да се најде во финалето бидејќи во претпоследната рунда ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Базел и Шахтјор, а амбициите и очекувањата се големи кај сите членови во таборот на „неаѕурите“, вклучувајќи го и тренерот Антонио Конте кој нагласи дека тимот е подготвен да оди до крај.

По триумфот над Леверкузен, сите признанија од јавноста ги прими Лукаку, но Белгиецот всушност порача дека е посебно воодушевен од еден свој соиграч, кој според него бил играч на мечот.

– Рекордите се рекорди и тие се за рушење. За мене поважна е победата, Леверкузен е силен тим, со одличен тренер. Направивме многу грешки во нападот, можевме да дадеме повеќе голови ако бевме поефикасни, – изјави Лукаку кој вечерва стана првиот играч кој дал барем по еден гол во девет последователни сезони во Лига Европа или Купот на УЕФА, надминувајќи го рекордот на Ширер.

– Денеска одбраната заврши голема работа и според мене, играч на мечот беше Барела. Во последно време тој тренира фантастично и игра фантастично, тој е насекаде на теренот, – заврши Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни