Поврзете се со нас

Македонија

Добро познато име во Битола: Секуловски повторно ќе го води Пелистер

Објавено

на

Искусниот македонски стратег Марјан Секуловски е именуван за нов предвоник на екипата на Пелистер.

По доаѓањето на новото раководство во клубот Секуловски доби повик кој не го одби и покрај тоа што пред него е пеколна задача ако се знае дека Пелистер е закован на дното во Првата македонска лига со само пет освоени бодови.

Последен тим на Секуловски беше Брегалница Штип, а претходно освен во Македонија има работено и во Мјанмар и Малдиви.

Кога е во прашање Пелистер треба да се напомене дека веќе е ангажирано првото засилување, тоа е Сенегалецот Едгар Али Натрант кој доаѓа на позајмица од Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни