Поврзете се со нас

Европски првенства

Добивме и официјална потврда: Франција со Бензема ќе ја нападне титулата на ЕП (ФОТО)

Објавено

на

Вечерва добивме и официјална потврда на тоа што француските медиуми го најавија во текот на денешниот ден, а тоа е дека во националниот тим по пауза од шест години се враќа Карим Бензема.

Селекторот Дидие Дешамп се одлучи да попушти и да му даде шанса на одличниот напаѓач на Реал Мадрид, поточно да го стави на листата на играчи кои ќе бидат во комбинација за наста на Европското првенство. Карим се најде во групата до 26 фудбалери, а за место во нападот ќе се бори со Коман, Дембеле, Бен Једер Гризман, Мбапе, Жиру и Турам.

„Триколорите“ на шампионатот ќе имаат супер предизвик во групната фаза каде за ривали ќе ги имаат Португалија, Германија и Унгарија.

Пред ЕП четата на Дешамп ќе одигра два пријателски средби против Велс и Бугарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни