Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс повторно загубија од Парма Перм

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Парма Перм дефинитивно е најнезгодниот противник за Уникс Казањ во оваа сезона во ВТБ лигата и потврда за тоа фактот што актуелниот шампион ги загуби сите дуели со овој ривал во натпреварувачката 2023/2024.

Ненад Димитријевиќ и компанија денеска беа поразени со 89:86 и тоа пред своите гледачи во меч во кој имаа две различни полувремиња што во случајов им донесе негативен резултат.

Македонскиот репрезентативец немаше свој ден, имаше реализација 5 од 19 или поточно уфрли 12 поени со 8 асистенции и 1 скок. Лабери со 19 и Грин со 17 беа најефикасни кај Уникс, додека на другата страна Рис ја предводеше листата со 20 кошеви.

Во наредното коло избраниците на Перасовиќ му гостуваат на Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни