Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Уникс имаа фуриозно издание, убедлива победа запиша и Рајковиќ во ВТБ лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/unicsbasket

Уникс Казањ пред неколку дена доживеа неочекуван пораз од Парма Перм, но избраниците на Перасовиќ денеска им се вратија на победите во ВТБ лигата и го задржаа првото место на табелата.

Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи немаа проблем против Енисеј и славеа со резултат 69:93, натпревар кој практично беше решен во третиот период кога фаворитот се издвои со 26:9.

Македонскиот репрезентативец забележа уште еден одличен настап во ВТБ лигата и запиша 14 поени зад своето име, а придодаде и со шест асистенции и четири скокови.

Враќањето на победничките патеки беше важно за задржување на првата позиција, бидејќи победа денеска оствари и тимот на Емил Рајковиќ.

ЦСКА Москва беше ефикасна против Парма Перм и победи со 96:72, што прави московјаните да имаат идентичен ефект со првопласираниот Уникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни