Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски за неговата иднина: Јас секогаш ги кажувам работите во лице…

Објавено

на

Фото:twitter.com/RayoVallecano

Македонскиот голман, Столе Димитриевски веќе влезе во самата завршница на актуелниот договор со Рајо Валјекано кој е со важност до 30 јуни 2024 година.

Столе веќе доста време е дел од клубот од шпанската престолнина и тој не крие дека би сакал да продолжи, меѓутоа секако има одредени услови кои мора да се исполнат за да двете страни си подадат рака. Од друга страна пак за Димитриевски има и интерес од други тимови и токму поради ова останува отворено прашањето за неговата иднина.

-Се уште немам донесено одлука. Разговараме со клубот, но одлуката не е донесена. Очигледно секогаш велем дека би сакал да останам. Сакам да останам, но тоа зависи од сите страни. Јас сум мирен.

-Не сум потпишал за ниту еден клуб. Во последните три години имаше многу гласини и работи за мојата иднина. Среќен сум затоа што тоа значи дека добро ги вршам работите. Мојата иднина не е решена. Мој приоритет секогаш беше Рајо и сакам да останам во клубот. Кога ќе има вести со задоволство би потврдил дека би останал или ако треба да заминам, тоа ќе биде најдобро за сите страни. Би го потврдил тоа затоа што сакам да ти кажувам работи во лице.

-Ќе морам да ја почитувам одлуката на клубот и клубот секако мојата. Мора да постигнеме договор. Ако клубот одлучи да бара друг голман, ќе мора тоа да го прифатам тоа. Тоа е нормално, -порача Столе за „Радио Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни