Поврзете се со нас

Свет

Дијаз за првата средба со Меси: За малку ќе умрев…

Објавено

на

Луис Дијаз и неговата Колумбија не се дел од Светското првенство, но и во случај тие да беа пласирани асот на Ливерпул немаше да може да настапи поради повреда.

Неговиот кам-бек на терените се очекува по Мундијалот, а во меѓувреме тој одработи интервју за „Сохо“ во кое говореше за првата средба со еден од неговите идоли, играч кој многу го цени, почитува-тоа е Лионел Меси.

-За малку ќе умрев, за малку ќе реков „те сакам“ и сè, хаха. Навистина тој отсекогаш бил моја референца. Мојот голем идол беше Роналдињо, но бидејќи тој е во пензија никогаш не можев да играм против него. Денот кога ќе го сретнам, навистина ќе умрам!

-Го сакам Меси. Првиот пат кога имав контакт со него беше на натпревар во Баранкиља, но не бев стартер. Само што почнав во репрезентацијата. И тогаш наидов на него на Копа Америка пред две години и тоа беше голема емоција, -рече офанзивецот и додаде:

-Немам разменето дрес со него. Ама веќе имам негов, го прашав преку друг играч, тој ми потпиша и за се, со порака „со љубов за Луис“. Мојот живот е веќе среден со тој дрес, -истакна Колумбиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни