Поврзете се со нас

Македонија

Дибиров се премисли и донесе одлука која ги израдува фановите на Вардар (Фото)

Објавено

на

Тимур Дибиров се претвори во симбол за црвено-црниот дрес на Вардар и тој се истакна како еден од креаторите на историскиоте успеси кои ги оствари тимот во Европа, па токму поради тоа, навивачите останаа доста потиштени кога Русинот најави дека ќе си оди по крајот на сезоната.

Извонредното лево крило навести дека ќе стави крај на својата незаборавна етапа во Скопје, но по сите притисоци кои беа направени и поддршката која пристигна од навивачите по огромната победа во Битола, Тимур се премислил и стави потпис на нов договор.

– Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката. Клубот и левото крило на Вардар се договорија за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.

– Тој е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзауваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата, – гласи објавата на РК Вардар.

– Среќен сум што отанувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, – изјави Тимур Дибиров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни