Италија
Дибала доби стоечки овации од навивачите во Торино по контроверзната прослава од саботата (Видео)

Пауло Дибала испрати „убиствен“ поглед кон вип ложата на стадионот во Торино во саботата на мечот со Удинезе, сето тоа како реакција на изјавите во јавноста со кои беше прозван од страна на оперативецот Аривабене околу продолжувањето на договорот.
Откако даде гол против Удинезе, Дибала со својата гестикулација јасно долови нека е незадоволен од притисокот кој се прави врз него во моменти кога преговара за нов договор, но дека оваа непријатна сцена сега ја остава зад себе ни долови вечерва со најновата реакција.
Навивачите на Јувентус застанаа зад фудбалерот и му приредија стоечки овации на стадионот во Торино, откако вечерва тој ја потврди Куп победата над Сампдорија со голот за 3:1.
Јувентус на крајот славеше со 4:1 и се пласираше во четвртфиналето, но најмногу внимание привлече голот на Пауло и неговата реакција откако доби поддршка од фановите.
Со своите гестикулации, Дибала покажа дека ужива во довербата од навивачите на Јувентус, што е добар сигнал пред клучните преговори за продолжување на актуелниот договор кој му истекува на крајот од сезоанта.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 24 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)