Поврзете се со нас

Македонија

Девет дена откако даде отказ: Шкупи излезе со неочекувано соопштение за Седлоски (Фото)

Објавено

на

Гоце СЕдлоски си даде отказ на работното место во Шкупи пред девет дена и не даде никакво образложение за својата одлука, која инаку дојде по ремито кое го одигра актуелниот првак против Победа.

Клубот од Чаир остана без тренер во изминатиов период и неколку дена беше во потрага на нов шеф на стручниот штаб, но ова попладне ја изненади цела јавност со соопштението кое го објави.

Водечките луѓе на Шкупи очигледно успеале да го премислат Седлоски во намерата да одмори пред да бара нов предизвик, па така доскорашениот тренер стави потпис на нов договор.

После точно девет дена откако си поднесе оставка до раководните структури, Седлоски денеска парафираше на новиот договор, а истото го направи и Нухиу кој ќе биде негов помошник.

– Почитувани навивачи ве известуваме дека нов главен тренер на ФК Шкупи ќе биде Гоце Седлоски, додека како негов прв асистент ќе биде легендата на клубот, Арбен Нухиу. Заедно со нив, Суат Алија се враќа на функцијата претседател на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни