Поврзете се со нас

Франција

Депај сам ќе решава за следниот чекор: Време е да ја преземам контролата над мојата кариера (ФОТО)

Објавено

на

Мемфис Депај е во самата завршница од актуелниот договор со Лион и како што стојат работите по крајот на оваа сезона ќе си замине од сегашната средина.

Депај по доаѓањето во Франција си ја врати кариерата на посакуваниот правец, но сега сака нов предизвик, поголема средина од сегашната. Најмногу се поврзува со преселба во шпанскиот великан Барселона меѓутоа ова доста ќе зависи од тоа дали Роналд Куман ќе ја задржи функцијата на прв тренер.

Во пресрет на оваа важна одлука во кариерата Холанѓанецот објави дека дека во иднина сам ќе се застапува и ќе води преговори за секој ангажман.

– Време е да ја преземам контролата над мојата кариера. Бидејќи дојдов до точка каде што треба да направам важен избор за својата иднина, решив да преговарам за моите идни зделки заедно со мојот тим од доверливи лица, поддржан од правни експерти. Јас сам ќе одлучам за мојата дестинација. Вие први ќе дознаете, -порача Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни