Поврзете се со нас

Шпанија

Депај е во втор план: Барселона има нов приоритет во јануарскиот преоден рок

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона се соочува со доста проблеми во оваа сезона, многу работи прво внатрешно не се решени и пред клубот се претседателски избори, но воедно резултатите на екипата се далеку од посакуваното ниво.

Барса во летниот преоден рок се ослободи од неколку значајни играчи како Видал, Суарез и Ракитиќ, меѓутоа не беа донесени адекватни замени за нив со оглед на финансиската криза што постои, а тоа дефинитивно е проблем за тренерот Роналд Куман кој со овој сегашен состав се обидува да го извлече најдоброто.

Меѓутоа не им оди на каталонците, а како капак на се се повредите на неколку стандардни првотимци, прво настрада младиот Ансу Фати за да на дербито со Атлетико Мадрид потешки повреди заработат Жерард Пике и Серхи Роберто.

Посебно сериозна е ситуацијата со Пике пред кого најверојатно е долга пауза од терените со што е запален алармот на „Камп Ноу“, поточно клубот мора да пронајде замена за него во зимскиот преоден рок.

Се очекуваше ангажманот на Мемфис Депај од Лион да биде приоритет, но со новите случувања работите се сменија и Барса ќе тргне кон ангажман на Ерик Гарсија. Стоперот е во последната година од договорот со премиерлигашот и не сака да ја продолжи соработката, па Барса и во летниот преоден рок се обиде да го донесе.

Тогаш Сити не попушти и бараше високо сума, меѓутоа останува да видиме дали „граѓаните“ ќе останат на истиот став или пак ќе се одлучат да ја искористат последната шанса за да заработат од Гарсија.

Ерик е дете на Барселона и се чини само прашање е на време кога ќе се врати дома, дали тоа ќе биде сега во јануари или пак по крајот на сезоната. Тој е приоритет на шпанскиот вицешампион кој според медиумите ќе направи се за да наредниот месец го донесе во клубот, а пак во случај да не успее ќе проба да донесе некое краткорочно решение, играч на позајмица за да се покрие отсуството на Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни