Поврзете се со нас

Лига Европа

Дефанзивците на Галатасарај паѓаа на земја, мајсторијата на Педри го најави пресвртот на Барселона (Видео)

Објавено

на

Барселона ќе ја гледаме во четвртфиналето во Лигата на Европа, откако тимот на Чави Ернандес успеа да го преживее „пеколот“ во Турција и да оствари тесна победа над Галатасарај.

По изненадувачкото реми на „Камп Ноу“, денешниот натпревар во Истанбул започна од нула и атмосферата беше наелектризирана од страна на страствените домашни фанови, кои имаа дополнителна причина за славје по 28 минути игра.

Маркао предизвика ерупција на стадионот со голот за 1:0 и многумина помислија дека Галатасарај е подговен за сензација, но тоа не го мислеа играчите на Чави кои останаа смирени и прибрани на теренот.

Барселона брзо одговори и израмни на 1:1, а најзаслужен за тоа беше Педри кој постигна мајсторски гол, кој дојде откако легна двајца противничките дефанзивци на земја.

Израмнувањето дојде во најдобар момент за гостите, кои водени од погодокот пред полувремето, постигнаа и втор на стартот на вториот дел. Серијата одбрани на Ињаки Пења не спречија да видиме гол на Обамејанг за 1:2, кој на крајот се покажа како клучен за победа на Барса и пласман меѓу осумте најдобри во Лига Европа. Во оваа фаза ќе го гледаме и Ренџерс кој загуби на гостувањето во Белград кај Звезда (2:1), тим кој оди во четвртфиналето поради победата од 3:0 на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни