Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт со нов зајадлив коментар за амбициите на Јувентус: Во Баерн чувството е поинакво

Објавено

на

Матијс Де Лихт веќе се истакна со неколку контроверзни изјави поврзани за Јувентус по заминувањето од Торино, а сега при враќањето во репрезентацијата по повод предизвиците во Лигата на нации, младиот стопер одново се јави со коментар кој предизвика доста реакции во Италија.

Централниот дефанзивец со своите ставови успеа да го разулти и Леонардо Бонучи како капитен на Јувентус, но последно Де Лихт говореше за амбициите на тимот од „Алијанц стадионот“, кои не се баш идентични со она со кое се сретнал во Минхен.

Матијс вели дека амбициите на Баерн во овој момент се далеку повисоки од оние на Јувентус, особено кога станува збор за играњето во Лигата на шампионите.

– За мене, приклучувањето во Баерн е правење чекор напред, во правилна насока. Јувентус е добар тим, но сметам дека Баерн има се подобро, вклучувајќи го ростерот на тимот, но и амбициите за Лигата на шампионите. Во Јувентус немав такво чувство како ова тука за Лигата на шампиони.

– Во Баерн пристигнав недоволно подготвен за да одговорам на нивните барања, но не сум загрижен. Не играв на првите три меча поради тренинзите кои ги имав, но играв на шест од наредните осум меча. Задодволен сум од минутажата и од тоа како минаа првите два месеци во Баерн, – вели Де Лихт во интервјуто за „НОС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни