Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис не сака неговиот Наполи да му гостува на Јувентус на 17. март

Објавено

на

Неодиграниот натпревар меѓу Јувентус и Наполи од почетокот на сезоната предизвика многу контроверзи на италијанската сцена, а одлуката на Италијанскиот олимписки комитет да го врати натпреварот на распоредот во друг термин значеше и комплицирана задача да се најде нов термин.

Иако Серија А му ја додели победата со службен резултат на Јувентус поради фактот што Наполи не го следел усвоениот протокол, КОНИ ја прифати жалбата на гостите, но сега проблем е и денот на кој би се одиграла средбата.

По елиминацијата на Наполи од Лига Европа, се отвори можноста дуелот да биде одигран на 17. март, но добро информираниот „Ил Матино“ тврди дека Аурелио Де Лаурентис бара менување на одлуката.

Де Лаурентис не е задоволен што заостанатото дерби со Јувентус, Наполи би го играл меѓу два викенда во кои треба да им гостува на Милан и Рома.

Наполи преферира мечот да биде оставен за подоцна, но за такво нешто покрај одобрување од раководството на лигата, ќе треба да чека и што побрза елиминација на Јувентус од Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни