Европски првенства
Данскиот селектор Јакобсен незадоволен од ждрепката: Не би избрал да сме во оваа група
Данска ќе биде фаворит во групата во која се најде македонската ракометна репрезентација во квалификациите за следното Европско првенство, но скандинавската селекција ќе мора на терен да ја оправда таа улога, посебно на гостувањето во нашата земја.
Дека актуелниот светски шампион не е премногу задоволен од исходот на денешната ждрепка потврдува и селекторот Николај Јакобсен, кој негодува за групата во која се најдоа и Швајцарија и аутсајдерот Финска.
– Ова е веројатно една од најлошите комбинации кои можевме да ги добиеме, дефинитивно не би сакал да сум во оваа група 7.
– Нема од што да се плашиме, но ако гледате кои противници можевме да ги добиеме, јас би преферирал да сме во група со Холандија и Полска. Единствена утеха ми е што досега не сум бил во Финска, а и ни одговара во однос на патувањето, – изјавил Јакобсен.
Македонија и Данска се соочуваат во за нас празничен период, откако ќе бидеме домаќини на 6 или 7 јануари, а три дена подоцна гостуваме во скандинавската земја.
Најдобрите две селекции од секоја група и четири третопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на ЕП кое во 2022 година ќе се одржи во Словачка и Унгарија.
-
Репрезентација14 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства12 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства14 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација17 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства56 минути
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства15 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Репрезентација15 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор
-
Англија17 часа
Гвардиола за новиот договор на Халанд: Тоа е поради…