Поврзете се со нас

Шпанија

Дани Алвес: Чави е третата верзија на успешната Барселона!

Објавено

на

Дани Алвес пристигна во Барселона уште во месец ноември како слободен агент, но немаше право да дебитира се до стартот на новата 2022-ра година поради финансиските опструкции и пријавата на нови фудбалери во зимскиот преоден рок.

Искусниот Бразилец се врати во Барса за да му помогне на клубот во едни од најтешките моменти во историјата, но вели дека тоа го прави со голем ентузијазам и поради фактот што за тренер го има човекот кој верува дека ќе ја изгради трета успешна империја на „Камп Ноу“.

Десниот бек е убеден дека Чави ќе биде третиот најуспешен тренер во историјата на Барса по Јохан Кројф и Пеп Гвардиола, споредувајќи го актуелниот тренер со менаџерот на Манчестер Сити.

– Чави ќе биде тренерот кој ќе ја донесе третата верзија на успешната Барселона. Чави ја има истата филозофија како Гвардиола, го има истиот стил. Може да му треба малку повеќе време поради целата оваа непријатна ситуација во клубот, но сите големи истории, сите големи книги се правеле низ процес. Беше доволно храбар за да дојде во Барселона во ова тешко време.

– Навистина е болно да се види каде е Барселона во овој момент, но ќе најдеме решение со Чави на чело. Клубовите секогаш имаат подеми и падови, најдобро е кризите да траат пократко. Овие млади играчи треба да ги убедиме дека играат за најдобриот клуб во светот, треба да ги научиме на сите вредности кои ги има Барселона, бидејќи овој клуб е навистина уникатен, – вели Алвес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни