Поврзете се со нас

Германија

Цорк за тоа дали 200 милиони евра се доволни за Халанд: Не сум папагал, нашата позиција е јасна

Објавено

на

Останува самата завршница на овој преоден рок во кој има простор да видиме големи трансфери, „бомби“ кои можат да предизвикаат фудбалски земјотрес.

Сега откако се реши иднината на Кристијано Роналдо во фокусот на вниманието е Килијан Мбапе од ПСЖ, играч за кој Реал Мадрид е „загреан“ и за кого е испратена супер богата понуда за негов ангажман. Ако „светците“ кажат „ДА“ тогаш може тоа да значи и отварање на можност за нови трансфери, односно медиумите шпекулираат дека можност е клубот од Париз да се впушти во супер акција.

Една од можностите е Ерлинг Халанд за кого наводно ПСЖ е спремен да даде и 200 милиони евра за да го види во своите редови. Меѓутоа и ако навистина ова го направи тогаш одново ќе наиде на „ѕид“ од „милионерите“ кои по никоја цена не сакаат да го загубат голгетерот.

-Ние сме фудбалски клуб, а не банка! Нашата позиција е многу јасна и не е променета. Претпоставувам дека сега ќе се соочиме со луди гласини уште два дена. Нашата позиција е јасна, не треба постојано да се повторувам како папагалот, -истакна спротскиот директор на бундеслигашот, Михаел Цорк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни