Светски првенства
Чеферин за најлошиот момент на финалето во Катар: Меси не смееше да го дозволи тоа

Александер Чеферин пред неколку дена беше реизбран за нов претседател на УЕФА откако немаше ниту еден против-кандидат, што значи дека Словенецот најмалку уште четири години ќе раководи со најважното фудбалско тело во Европа.
Чеферин во последно време најмногу се залага за што подобра организација на Лигата на шампионите и деактивација на таканаречената Суперлига, но од завршните турнири, смета дека посебно добри домаќините се покажале Катарците на Светското првенство на крајот на 2022-ра година.
Првиот човек на УЕФА говореше за случувањата на мундијалот, но во фокусот ги стави видените сцени од финалето, кои некои ќе ги паметат по историски моменти, а други по примитивни и неадекватни потези.
Чеферин го пофали успехот кој го оствари Лео Меси како капитен на Аргентина, но исто така смета дека можел да реагира подобро и да го спречи Дибу Мартинез да прави глупост на теренот (ја стави Златната ракавица на интимно место), а потоа и за време на прославата.
– Со оглед на тоа што потегот на Мартинез бил планирал, Меси требал да спречи такво нешто. Требал да му каже нешто на Мартинез и не требал да дозволи таква сцена. Тоа беше се, само не почит кон фудбалот.
– Ако ги видите неговите реакции за време на пеналите, како се потсмева со Мбапе, а потоа користеше и марионета за време на прославата. Тоа не е спорт и фудбал, тоа беше примитивно и не ми се допадна. Имаше клучна улога за трофејот, но се однесуваше примитивно. Тоа не се прави на едно финале, ја освоивте светската титула и не смее да се покаже примитивизам, – вели Чеферин.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 15 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 19 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)