Шпанија
Чави за клучниот играч кој добил незаслужен третман: Тука се критикуваат и столчињата на стадионот

Барселона денеска игра мало каталонско дерби против Џирона, тим кој значително го подигна нивото од стартот на сезоната и кој игра се похрабар фудбал против секој ривал.
Чави Ернандес на прес конференцијата го посочи тренерот Мичел како еден од најинтересните во Примера и не штедеше комплименти на негова адреса, но потоа воглавно се задржа на својот тим и на мирот кој го има во овој момент.
Барса како лидер на табелата се доведе во стабилна ситуација во последните неколку седмици, но Чави е свесен дека се може да се промени само на еден меч и добрите денови да станат кошмарни.
– Знам дека мора да победиме, мора да ја победиме Џирона. Во Барселона добивате ваучери за мир во период од два или три дена. Ова е Барселона и добро знам како функционираат работите. Се гледа само до утре, мирот трае неколку дена, такво е цело опкружување во клубот. Ако не победиме против Џирона, ќе биде катастрофа и го знам тоа. Џирона нема што да загуби и очекувам тежок натпревар за нас,- изјави Чави, кој уште еднаш го испофали Тер Штеген за своите изданија оваа сезона.
– За мене тој е меѓу најдобрите во светот. Ако не е најдобар, тогаш е меѓу тројцата најдобри без сомнеж. За нас во Барса тој е најдобар во светот поради начинот на кој играме. Неговата испорака на топката е совршена, тој ја разбира играта и е гаранција за нас. Овде беше критикуван, но овде се критикуваат дури и столчињата. Тој ни дава голема сигурност и го подигна нивото оваа сезона, – вели Чави.
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 18 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 13 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик