Шпанија
Чави проговори за враќањето на Меси: Тоа ќе биде како „последниот танц“ на Џордан!

Откако Барселона и официјално откри дека работи на враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“, прес-конференцијата на Чави Ернандес беше преплавена со прашања поврзани за Аргентинецот, по што тренерот на каталонскиот гигант отворено говореше за чувствувата кои ги има кон поранешниот соиграч.
Чави потврди дека клубот посакува да го види Меси назад во својот дом, па иако се обиде да покаже почит кон ПСЖ и нагласи дека не е време да се зборува за трансфер, не можеше да крие дека би бил презадоволен и воодушевен ако го види „последниот танц“ на Лео во Барселона.
– Да бидам искрен, сметам дека не е време да зборуваме за враќањето на Меси. Имам пријателство со него, зборуваме од време на време, но не е момент за вакви вести. Тоа не е добро ниту за Лео, ниту за клубот. Тоа е тема која ја третираме сите во клубот, но од зборување до реализација има голема разлика.
– Дај Боже Меси да се врати во Барселона, ќе бидам првиот кој ќе биде презадоволен и среќен. Барселона е клубот на неговиот живот, тој е најдобриот играч во историјата на Барселона, но сметам дека не е време да навлегуваме во детали. Оваа операција не зависи од мене, зависи од Меси, од неговата желба. Сметам дека враќањето ќе зависи од многу фактори, од фер-плејот и клубот, но пред се, ќе зависи од желбата на Меси.
– Јас го сакам и го обожавам Меси. Гледав како расте, како стана најдобар играч и тој е приме за сите. Секако дека има страст меѓу сите нас за негово враќање. Тоа би било како „последниот танц“ на Мајкл Џордан, нормално е фановите да бидат емотивни и да покажат страст на оваа тема, – изјави Чави.
-
АТПпред 20 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 23 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 18 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 8 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 21 час
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок