Поврзете се со нас

Шпанија

Чави доби лоши вести од Париз и Варшава за двајца играчи од првиот тим (Фото)

Објавено

на

Франција се врати на победничките патеки и конечно славеше во овој квалификациски циклус во Лигата на нации, но додека Килијан Мбапе и Оливие Жиру се забавуваа заедно со илјадниците навивачи на „Стад де Франс“, оние на Барселона сега ќе треперат во наредните часови.

Истото важи и за тренерот Чави Ернандес, кој доби две навистина лоши и непријатни вести, од кои онаа од Париз посебно привлекува внимание поради важноста на Жул Кунде по пристигнувањето во Барса.

Дефанзивецот се повреди и сам легна на земја кога немаше никој околу себе и јасно стави до знаење дека не може да го продолжи мечот, па по 23 минути беше заменет од селекторот Дешамп.

Во дадената ситуација, станува збор за мускулна повреда и сега останува да се види колку ќе отсуствува Кунде, бидејќи до одигрувањето на Ел Класико пресметката со Реал има помалку од еден месец (16-ти октомври).

За жал, ова не беше единствена лоша вест за Чави, бидејќи повреда заработи и Мемфис Депај, кој пак беше повлечен на стартот на второто полувреме од мечот меѓу Полска и Холандија во Варшава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни