Поврзете се со нас

Македонија

Чарлестон со автогол во 94. минута го израдува Пелистер во вечното дерби

Објавено

на

Вардар беше подобар ривал на теренот и беше пред прокнижување на три значајни бода во големото дерби со вечниот ривал, но сепак на крајот не го освои цел плен под Тумбе Кафе.

Македонскиот првак останува непорезен на гостувањето во Битола и деветта година по ред, но тоа ќе биде премала утеха за избраниците на Васовски кои ги имаа бодовите во џеб, но на крајот останаа без два од нив.

Вардар заслужено поведе во првото полувреме со голот на Цветаноски во 32-та минута, но на крајот во последната акција од 52-то вечно дерби прими гол.

Чарлестон беше трагичар и си даде автогол во 94-та минута, носејќи голема радост меѓу домашните фудбалери кои избегнаа пораз во последните секунди.

Со реми исходот, ситуацијата за двата тима останува статус кво на табелата, па Вардар сега е осми со 11 бода, а Пелистер едно место подолу со 10 бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни