Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чалханоглу со порака до Милан: Интер го препозна мојот квалитет

Објавено

на

Хакан Чалханоглу игра во извонредна форма во оваа сезона во дресот на Интер, форма која ја потврдува од натпревар во натпревар, па така вчера постигна маестрален гол и запиша асистенција во убедливата победа над Калјари со 4-0.

Со овој триумф Интер дојде до врвот на табелата во Серија А, па Чалханоглу ја искористи оваа прилика да го пецне поранешниот клуб Милан од кого си замине како слободен фудбалер.

-Многу сум среќен што сум овде. Тоа ме прави горд. Сакам да му се заблагодарам на тимот, бидејќи тие навистина ми помагаат да станам важен играч, го чувствуваат мојот квалитет и придонес, па давам се од себе за клубот.

-Им благодарам и на навивачите, бидејќи тие се секогаш веднаш зад мене. За мене е чест што сум овде во Интер. Одигравме многу натпревари добро, сега сме први на табелата, доминиравме на толку многу натпревари и го заслуживме нашето место -порача Турчинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни