Поврзете се со нас

Европски купови

Бутел со добра партија и победа се прости од ЛЕ

Објавено

на

Екипата на Бутел со добра партија и победа над Ѓенѓеш се прости од настапот во Лигата на Европа на ЕХФ.

Македонскиот прволигаш во вчерашниот прв меч од квалификациите загуби од Ѓенѓеш со 34:21, но денеска нашиот претставник покажа друго лице и се избори за славје од 25-24. Бутел дојде до триумф со пресврт во вториот дел кој го реализираше со 13-10.

Мајиќ со 8 гола беше прв стрелец кај победникот за кој пак Сулима и Василевски дадоа по четиги погодоци. Во таборот на Унгарците најпрецизен беше Граф со 5 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни