Поврзете се со нас

Шпанија

Бускетс за неговата иднина: Има многу лажни информации…

Објавено

на

Серхио Бускетс долги години е незаменлив во почетната постава на Барселона и на шпанската репрезентација, но прашање е до кога тоа ќе биде така со оглед на тоа што има 34 години.

Играчот за врска веќе е завршната сезона од договорот со каталонците и веќе медиумите на големо пишуваат дека оваа ќе биде последна за него во великанот и дека новата дестинација ќе биде МЛС лигата и Интер Мајами.

Овие вест стигнаа и до Серхио кој проговори искрено и обелодени дека се уште нема донесено одлука.

-Не можам да кажам ништо на таа тема, бидејќи ништо не се случува и покрај сите тие гласини. Барем ништо официјално. Вистина е само дека ова е последната година од мојот договор со Барселона и дека сакам целосно да уживам во тоа. Јасно е дека веќе немам 20 години, но во последните денови се појавија многу лажни информации, -вели Бускетс кој и понатаму ужива да игра за националниот тим.

-Сè уште уживам да играм за репрезентацијата. Задоволство ми е, особено тоа што сум капитен ме исполнува со задоволство. Натпреварот со Швајцарија ќе биде многу тежок, досега многу пати сме играле еден против друг. Имаат одлични играчи. Ќе излеземе на терен за да победиме, но нема да биде лесно, -заклучи ѕвездата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни