Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигашот сака чиста ситуација со младата ѕвезда: Дортмунд ќе седне на маса со Белингем по СП во Катар

Објавено

на

Кога се во прашање младите фудбалски ѕвезда дефинитивно едно од најголемите имиња е Џуд Белингем кој иако има 19 години веќе е клучен играч во германскиот прволигаш Борусија Дортмунд.

Со своите квалитетни партии тој го привлече вниманието на доста квалитетни клубови и во редот за него се Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, ПСЖ…Ова добро го знаат во таборот на Дортмунд, па сакаат да ги расчистат сите дилеми околу неговата иднина и затоа ќе седнат на маса со него и неговите преставници по СП во Катар.

-Мислам дека штом Катар ќе заврши, ќе имаме основен разговор за тоа што тој всушност сака. Со него, со неговите родители со кои имаме многу блиски односи и секако со неговиот застапник. И тогаш тој треба само да ни каже дали сака да остане или дали сака да оди. Во секој случај, ќе разговараме за тоа пријатно и разумно.

-Но, не треба да се преправаме дека темата не е на маса. Кога навистина големите се таму, не можеме да си дозволиме ниту финансиски да се бориме. Џуд е прекрасно момче кое исто така има свои флуктуации – тоа го видовме сега, но тој е секако еден од најголемите таленти во европскиот фудбал, -истакна извршниот директор на „милионерите“, Ханс Јоаким Вацке.

Англискиот репрезентативец има договор до 2025 година, а според информациите Дортмунд за него бара 150 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни