Поврзете се со нас

Италија

Брозовиќ добил понуда која може да ја промени неговата првична одлука

Објавено

на

Марсело Брозовиќ долго преговараше со Интер за нов договор, кој треба да му донесе и многу поголема плата, но направениот компромис сега може да падне во вода.

Италијанските медиуми тврдат дека периодов Хрватот добил атрактивна понуда од Барселона, која сега може да добие приоритет и да ги промени претходните планови на Брозовиќ.

Договорот меѓу Интер и играчот за врска истекува во јуни и има се помалку време за продолжување на соработката, но Италијанците сметаат дека Барселона може да ја добие битката со актуелниот шампион во Серија А.

Брозовиќ е исклучително важен за Интер, што го покажува и фактот дека сезонава одиграл 29 од можни 30 натпревари на својат екипа, а единствениот пропуштен меч е во купот и тоа поради суспензија.

Барселона веројатно му ветила клучна улога и во новиот тим на Чави, а шпанскиот клуб може да понуди и висока плата за Хрватот поради фактот што не мора да плаќа отштета за неговиот трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни