Поврзете се со нас

АТП

Британски комичар перфектно го изимитира Ѓоковиќ, Србинот воодушевен (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Британскиот комичар Џош Бери и во минатото се има докажно со генијална интерпретација на големите тениски ѕвезди, а сега најновото видео кое го објави брзо стана вирален хит.

Познатиот комичар го изимитира светскиот рекет број еден и на сликовит начин ја долови неговата доминација во машкиот тенис, која годинава донесе три освоени грен слем титули и еден пораз во големото финале на Вимблдон.

– Па пријателу, мислам дека никогаш нема да забавам. Стварно, никогаш нема да се пензионирам, ќе продолжам да играм тенис. Веганската диета значи дека внатрешните органи ми се како на 14-годишно момче, така да ќе продолжам да играм.

– Моето тели и мојот дух се во перфектна позиција. Дури и кога земјата ќе биде ужасната од климатските промени, јас ќе се погрижам да одиме на друга планета и ќе победувам во тенис и таму. Ќе бидам најдобар играч на цела галаксија, – гласи пораката на Џош со извонредни фацијали експресии и говор со кој го имитира Ноле.

На оваа имитација не остана рамнодушен и самиот Србин, кој реши да го сподели видеото со следната порака:

– Пријателе, ова е нависитна добро…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни