Поврзете се со нас

Светски првенства

Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација го претрпе најтешкиот пораз на светските првенства, откако оваа вечер ниту во еден момент не можеше да се носи со домаќинот на овогодинешниот мундијал, селекцијата на Египет.

Египќаните наметнаа страшно темпо уште од самиот старт и на истото никако не можеа да одговорат избраниците на Данило Брестовац, кои иако играа доста поагресивно во одбрана за разлика од мечот со Шведска, на крајот доживеаја потоп каков што не се памети на најголемите ракометни самити.

Поразот од 19 голови разлика е најголем и најтежок на едно Светско првенство за нашата репрезентација (38:19), а селекторот Брестовац по истиот се огласи на официјалниот прес и порача дека двата високи порази од Шведска и Египет се последица на подготовките кои нашата селекција практично и ги немаше за ваков голем турнир.

– Имавме многу малку време да се подготвиме за овој турнир. Физички не бевме доволно подготвени за овие два натпревари кои се зад нас, но верувам дека моите играчи ќе бидат физички и ментално подготвени за следниот натпревар.

– Одигравме два натпревари со Чиле пред извесно време, сметам дека ќе славиме над нив и дека ќе се пласираме во следната рунда на Светското првенство. Во воведните две кола игравме против две големи репрезентации, моите ракометари треба да научат многу од овие два настапи во изминатите денови, – изјави Брестовац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни