Поврзете се со нас

Светски првенства

Бразилски напаѓач ќе навива за Хрватска од Рио: Не стравувам од Нејмар

Објавено

на

Едуардо да Силва е Бразилец и живее во Рио, но не крие дека со цело срце ќе навива за Хрватска на утрешното четвртфинале кое ќе се одигра на Светското првенство во Катар.

Поранешниот голгетер кој стигна да настапува и за Арсенал не доби фудбалска шанса да ги брани жолтите бои на Бразил, но затоа беше многу важен репрезентативец на Хрватска и таа чест прави „коцкестите“ да му бидат на прво место.

– Хрватска ми даде шанса да станам она што сум денеска, да успеам во животот и секогаш ќе бидам благодарен за тоа. Се додека игра Хрватска и таа е дел од турнирот, јас ќе навивам за Хрватска.

– Ако издржи во првите 20 минути против Бразил, мислам дека ќе се создаде напнатост и ќе биде потешко за фаворитот. Главно оружје на Хрватска е средниот ред, тука се Модриќ, Брозовиќ и Ковачиќ. Ако тие се на вистинско ниво, мислам дека можеме да ја контролираме играта, – изјавил Едуардо за „ХРТ“, додека за „Спортске новости“ ги открил двајцата играчи од кои стравува.

– Не се плашам од Нејмар, сметам дека не може да биде ист после таква повреда на зглобот. Помалку стравувам од него, а најмногу од Винисиус и Касемиро. Тие двајца се најдобри играчи на Бразил на овој мундијал, – вели Едуардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни