Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас најбрз на спринтот, но Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата во Монца

Објавено

на

Photo by Rudy Carezzevoli/Getty Images

Валтери Ботас беше најбрз на денешните Формула 1 спринт квалификации одржани на патеката Монца, но иако ќе ги добие трите поени, ќе започне од последното место на утрешната трка.

Менувањето на погонската единица значи дека Финецот ќе биде на опашката на стартот на италијанската патека, а второто место на Макс Ферстапен значи пол-позиција.

Ферстапен добро се држеше зад Ботас на мини-трката и сега ќе има можност да стартува од најдобрата позиција, додека зад него се Даниел Рикиардо и Ландо Норис.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон ќе стартува од вториот ред, поточно од четвртата позиција, а со денешниот епилог на спринт квалификациите, Ферстапен ја зголеми предноста пред Британецот на пет поени.

Покрај водечката четворка, до десеттото место се најдоа Леклер, Саинц, Џовинаци, Перез и Строл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни