Поврзете се со нас

Формула 1

Ботас ја доби првата битка со Хамилтон на легендарната Имола

Објавено

на

Ф1 возачите после цели 14 години одново ги запалија своите мотори на легендарната патека Имола, каде ова попладне се возеа квалификациите на трката за Големата награда на Емилија Ромања.

Иако атмосферата и условите беа поинакви за сите пилоти поради тоа што оваа патека ја немаше долго на календарот, епилогот на асфалтот одново беше идентичен како и на претходните трки, бидејќи останатите болиди не можеа да го пратат темпото на возачите на Мерцедес.

За разлика од обично, Валтери Ботас денеска ја доби првата битка со својот тимски колега Луис Хамилтон, возајќи нецела десетинка побрз летечки круг од оној на светскиот шампион.

Ботас утре ќе стартува прва на трката во Италија пред Британецот, додека од вториот ред ќе тргнат Макс Ферстапен и Пјер Гасли. Себастијан Фетел одново беше очаен и не се избори за место во завршната сесија, но додека тој ќе стартува 14-ти, Шарл Леклер одново ќе се обиде да се пробие погоре од седмото место.

Пред него ќе стартуваат Рикиардо и Албон, а во првите десет уште има место за Квијат, Норис и Сајнц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни