Поврзете се со нас

Германија

Борусија Дортмунд го потврди второто летно засилување

Објавено

на

Иако се уште не е дојден крајот на актуелната сезона, од Борусија Дортмунд веќе потврдија две нови засилувања кои ќе се приклучат на тимот за наредната натпреварувачка сезона.

Откако пред извесен период беше објавено дека клубот ќе го засили Никлас Зиле кој во моментов е под договор со Баерн Минхен, предмалку беше објавено дека во клубот ќе пристигне уште еден стопер.

Имено, нов играч на Борусија ќе биде стоперот на Фрајбург, Нико Шлотербек кој потпиша петгодишен договор со „милионерите“.

22 годишниот дефанзивец ќе го чини тимот од „Вестфален“ 25 милиони евра, а во клубот доаѓа како замена за Мануел Аканџи кој веројатно ќе си замине и ќе продолжи во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни