Поврзете се со нас

АТП

Борг за Надал: Тоа никогаш не сум го видел во животот

Објавено

на

Бјорн Борг е едно од најголемите тениски имиња, човек кој одбележа една ера во тенисот и многу придонесе кон развивање на овој спорт и тоа што е денеска.

Швеѓанецот како голем шампион се има соочено со многу ситуации, моменти низ кариерата, животот, но секогаш има простор за изненадуавње како што тоа е случајот со Рафаел Надал со кого имаше можност да соработува на Лејвер Купот.

-Поминуваме пет или повеќе часови тренирајќи. На Лејвер Купот терените се отвораа во шест часот наутро, а Рафа сервираше еден час пред да започне со тренинг. Никогаш не сум видел играч да поминува толку многу време на теренот. Тој е еден од најголемите, толку многу време посветува на играта. Неверојатно, -рече Борг кој имаше што да каже и за Новак Ѓоковиќ.

-Ѓоковиќ е подготвен и многу гладен да продолжи со оваа игра. Мислам дека има три до пет години одличен тенис пред него. Тој сака да ги сруши сите рекорди, да постави нови. Мислам дека ќе освои уште неколку грен слема. Му посакувам се најдобро, -подвлече човекот кој во кариерата освои 66 титули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни