Поврзете се со нас

Конференциска лига

Бојан секогаш е на вистинското место: Миовски спречи пораз на Абердин во Европа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AberdeenFC

Бојан Миовски се претстави како најдобар голгетер за Абердин уште во квалификацискиите на европските натпреварувања, а добрата серија на продолжува и во второто коло од групната фаза во Конференциската лига.

Македонскиот репрезентативец е ударна игла во нападот на шкотскиот тим, кој вечерва избегна пораз и спасуваше бод во самата завршница од натпреварот со ХЈК од Хелсинки.

Финскиот клуб водеше со 0:1 благодарение на голот на Радуловиќ во 59-та минута, но Миовски се погрижи истиот да не биде последен и доволен за одредување на конечниот епилог.

Миовски се најде на вистинско место по една одбиена топка и мајсторски реагираше со глава, матирајќи го голманот на ХЈК со одмерен удар.

Македонскиот напаѓач израмни на 1:1 во 79-та минута, а тоа значеше дека Абердин го освојува првиот бод во историјата на Конференциската лига. За Бојан ова беше трет гол во Европа од стартот на сезоната (вклучувајќи ги и квалификациите), статистика со која се пофали и неговиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни