Поврзете се со нас

НБА

Богдановиќ постави нов хрватски рекорд во НБА лигата, Бостон влезе во победнички ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

фото: https://twitter.com/ButtCrackSports

Само два натпревари беа одиграни во НБА лигата, а на нив победи остварија домашните екипи или поточно Бостон Селтикс и Торонто Репторс.

Бостон влезе во нов победнички ритам, односно го забележа четвртиот триумф во низа и тоа во дуелот со Мемфис Гризлис. „Келтите“ славеа во „Ти-Ди Гарден“ со 119-109 иако многу лоша шутереска партија имаше првата ѕвезда Тејтум кој погоди само 3 од вкупно 16 негови шута.

Тој на ккрајот заврши со 16 поени пред се поради погодените „пенали“ (9/12), но зотоа дури седум неговио соиграчи беа двоцифрени од кои најмногу се истакна Вајт со дабл-дабл од 23 кошеви и 10 асистенции. Морант кај поразените уфрли 25 поени.

Бојан Богдановиќ уфрли 33 поени, ама и тоа негово издание не беше доволно за Детроит Пистонс да избегне пораз кај Репторс (119-118). Меѓутоа оваа партија на Бојан беше доволно за да испише историја, да постави нов хрватски рекорд по постигнати кошеви во НБА лигата.

Сега има 10.879 постигнати поени што е за пет повеќе од досегашнииот рекордер, легендарниот Тони Кукоч.

Ванвлит со 35 и Сиакам со 28 кошеви беа пак најзаслужни што „рептилите“ го одбранија домашниот терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни