Поврзете се со нас

Светски првенства

Бобан: Бразил е посилен, но има еден проблем кој треба да го искористиме

Објавено

на

Звонимир Бобан беше дел од историскиот тим на Хрватска кој освои сребрен медал на Светското првенство во 1998-ма година, но како легенда на хрватскиот фудбал, сега самиот открива дека отпатувал за Катар и денеска ќе биде дел од четвртфиналето против Бразил.

Легендарниот играч за врска смета дека „коцкестите“ се навикнаа да играат во завршната фаза на мундијалите и тоа е само потврда за историското значење на оваа генерација, но иако Бразил е огромен фаворит, Бобан верува дека Хрватска има свои шанси.

– Одм на натпреварот и очекувам само добри нешта. Наша најголема желба е да пројдеме во полуфиналето, иако реално гледано, ние нашето веќе го остваривме.

– И овој резултат со четвртфинале за мене е историски, а многумина не се свесни за тоа. Стана така бидејќи оваа репрезентација направи да стане нормално да одиме далеку на мундијалите. Ова само го заокружува она што го направивме во 1998-ма и во 2018-та година.

– Ќе ни биде тешко против Бразил, нема да можеме да го решиме тоа елегантно. Бразил е објективно посилен тим, многу се брзи и имаат голем квалитет. Сепак, имаат проблем во средина кој ние можеме да им го откриеме. Малку се премеки во дуелите, има премалку дефанзивни играчи вос редниот ред и нашата шанса ќе биде таму, – смета Бобан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни