Поврзете се со нас

Германија

Боатенг со предлог за Баерн: Донесете го него, тој е идеална замена за Левандовски

Објавено

на

Роберт Левандовски има договор со Баерн Минхен до 2023 година, но тој сака ова лето да го напушти германскиот гигант и да отвори ново поглавје во кариерата.

Тој оваа своја идеја, желба веќе им ја соопштил на водечките луѓе на клубот кои пак имаа неколку директни изјави во јавноста дека немаат намера да се откажат од Полјакот, односно дека тој ќе мора да ги одработи она за што ставил потпис.

Останува да се види како ќе се реши оваа ситуација која секогаш е незгодна за клубовите кога играчот така отворено ќе порача дека сака нов предизвик. Дел од медиумите веќе почнаа да вадат одредени вести, информации за тоа како Баерн веќе е во потрага по наследни, па во однос на оваа тема својот став го даде поранешниот играч на оваа екипа Џером Боатенг.

Боатенг смета дека баварците треба да се обидат да го доведат Хари Кејн од Тотенхем.

-Лично веднаш би се обидел да го донесам Хари Кејн. Ова е мое лично мислење. За мене тој е комплетен напаѓач кој постигнува голови секој ден за Тотенхем – многу добар тим, но не и светска класа. Ако игра за тим како Баерн, мислам дека беше многу добра замена, во многу добра фудбалска возраст. Се зависи од Баерн, -рече Боатенг кој не е изненаден од желбата на Роберт да го напушти Минхен.

-Нормално е играч како него да сака да проба нешто поинакво. Сите имаме такви размислувања и периоди. Мислам дека двете страни можат да се договорат со другата без да се караат. Тешко е, но сега кога сезоната заврши, има доволно време да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни. Тоа е важно, -порача членот на Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни