Поврзете се со нас

Формула 1

Биното откри што очекува од Леклер, ги коментирал и гласините за соработка на Фетел и Мерцедес

Објавено

на

Матиа Биното и неговите соработници од раковдството на Ферари донесоа тешка одлука со завршувањето на соработката со Себастијан Фетел по крајот на оваа сезона, а тимскиот шеф на Скудерија е убеден дека во тимот ќе има двајца возачи со голем потенцијал.

За Шарл Леклер вели дека може да стане најголем Формула 1 возач на сите времиња, додека од Карлос Саинц помладиот очекува шампионска титула за краток период.

– Инвестиравме многу во Шарл, преку Ф3, Ф2 и сега во Ф1, каде процесот продолжува. Очекуваме во новата сезона да биде подобар од лани, тој е возач од кој Ферари со право може да очекува многу, може да стане најдобар возач во историјата на Формула 1, – изјавил Биното за шпанска „Марка“.

– Во однос на Саинц, нему првата година ќе му биде потешка, ќе треба да се адаптира на болидот, но тој е голем работник, интелигентно момче и очекувам да ни помогне да ја освоиме титулата кај конструкторите, – вели Биното.

Италијанецот не можел да ја избегне и темата „Фетел“ и иднината на Германецот.

– Ферари има голем респект и љубов кон Себастијан, тој се уште е дел од нашиот проект. Одлуката не беше лесна, но пандемијата ги искомплицира работите и во однос на финансиите, порано направивме ревизија и тоа е резултатот.

– Слушам гласини дека од 2021 година може да вози за Мерцедес. Ќе бидам многу среќен за него ако се случи тоа, – рекол Биното.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни