Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема има нов клуб, ќе потпише договор до 2025!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Поранешниот француски репрезентативец, Карим Бензема си заминува од Реал Мадрид, клуб за кој вчера официјално го одигра последниот меч, меч против Атлетик Билбао во кој се запиша во листата на стрелци во ремито од 1-1.

Со ова се става крај на една ера која започна во 2009 година, ера во која Карим ги освои сите можни титули со кралевите, испиша историја и стана легенда чие име ќе биде запишано со големи букви. Меѓутоа спортот, фудбалот е таков и се има почеток и крај, па таква е и приказната на Карим кој ќе го остави Реал зад себе и ќе отвори ново поглавје во кариерата и тоа во Саудиска Арабија.

Последните вести се дека напаѓачот ги потпишал најголемиот дел од документите за да стане нов играч на Ал Итихад, тим кој е шампион на оваа земја.

Договорот е со важност до 2025 година, ама најверојатно ќе има опција за уште една сезона. Кога е во прашање платата се работи за огромна сума на пари со тоа што се споменува дури и цифра од близу 200 милиони евра (севкупно).

Карим прво ќе се збогува со навивачите и самиот клуб по што ќе отпатува за Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни