Поврзете се со нас

Шпанија

Бекот веќе ги договорил личните услови: Барселона ја идентификуваше замената за Семедо (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона е тивка на трансфер пазарот кога се во прашање новите играчи, но тоа се очекува да се промени до крајот на преодникот рок.

Каталонците се на добар пат да останат без услугите на Нелсон Семедо кој според многу медиуми ќе премине во Вулверхемптон за сума од околу 40 милиони евра. Ова значи дека Барса ќе мора да донесе нов бек, неколку имиња се споменуваат, првиот е Сержињо Дест од Ајакс, ама истиот го сака и Баерн Минхен кој во моментов има поголема финансиска моќ и најверојатно ќе успее да го добие неговиот потпис.

Поради ова шпанскиот вицешампион би требало да се насочи кон Макс Аронс од Норич, играч кој минатата година беше еден од најдобрите на „канаринците“ во Премиер лигата, односно со настаите го привлече вниманието на големите екипи.

Според „Спорт“ клубот и 20-годишниот бек веќе имаат постигнато договор за петгодшна соработка, па сега се на потег клубовите. Норич ја одби понудата на Барса да го донесе Аронс на позајмица без притоа да има задолжителна обврска да го откупи неговито договор.

Сепак клубот од Чемпионшип е спремен да преговара и е подготвен за заем и откуп на договорот следното лето. Тие го проценуваат Макс на 20 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, ама според „Спорт“ се подготвени и да ја намалат таа сума.

Аронс уште како од мал е навивач на Барса и за тоа говори сликата која се врти овие денови, па во оваа ситуација и неговиот збор ќе има улога затоа што и тој сака да се пресели на „Камп Ноу“. Играчот во минатото веќе се има запознаено со Роналд Куман и тоа во Ливерпул, средба по која стратегот бил импресионира од потенцијалот на младиот Англичанец.

Бекот на „канаринците“ во ланската сезона пропушти само два меча во Премиер лигата, мечеви на кои беше редовен стартер и покажа дека поседува квалитет да биде врвен играч во иднина.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни